Ние сме љубители на миленичиња, исто како вас. Ние разбираме дека домашните миленици се дел од вашето семејство на кои треба љубов, грижа и поддршка. Сите наши миленичиња независно дали се риби, кученца, мачиња, птици или глодари се одгледани со љубов и нега и подготвени да дојдат во вашиот дом здрави и среќни.

Приказната за нас

контакт со нас

Аквариум Петшоп е мала семејна компанија основана во 2010 година. Создадена е од желбата на Стојмир Дуковски, долгогодишни акварист и пред се љубител на природата, да ви ја доближи неговата страст за акваристика. Многу брзо,Аквариум Петшоп стана препознатливо име во светот на акваристиката, синоним за квалитетот на стоките и услугите.

Ние сме специјализирана продавница за производство на аквариуми и опрема за аквариум, производство и трговија на аквариумски растенија и риби. Ние нудиме широк избор на храна, препарати и сета друга придружна опрема за одржување на аквариумите. Ние сме главни застапници за морска акваристика на Македонскиот увозник Хаџиски, Куманово .

Во денешно време, кога луѓето се повеќе се отуѓуваат од природата, особено помладата генерација, наша желба е да ве приближиме до акваристиката и да ве запознаеме со убавините на ова прекрасно хоби.

Можете сами да видите колку е позитивно влијанието на овие мали екосистеми во нашата малопродажна установа, која е многу повеќе од само продавница, место каде што можете да се опуштите, забавите и да се поврзете со природата.

Тимот на Аквариум се состои од водечки домашни акваристи, професионалци со децениско искуство, чија мисија е да ги сменат претходните лоши навики во акваристиката како хоби и како бизнис. Овде можете да се запознаете со најновите трендови, најновите технички достигнувања и знаења во акваристиката.

Посетете го нашиот нов малопродажен објект во Карпош IV и уверете се сами во нашата богата понуда. Со задоволство ќе одговориме на сите прашања што ги имате како акваристи почетници и разменуваме искуства со поискусниакваристи.

За сите оние кои не се во можност да не посетат, отворивме онлајн продавница.

Покрај тоа, ние нудиме можност за соработка со професионални архитекти, професионално обучени лица и компании кои се занимаваат со внатрешен дизајн во кој вашиот аквариум ќе зазема посебно место.

Вашите предлози, желби и мислења за нашите услуги и понуди се секогаш добредојдени. Ние постојано се стремиме за понатамошно подобрување на нашата работа.